Прегазен полицаец додека вршел службени дејства

од Nikola Popovski
470 прегледи

МВР информира дека бил прегазен полициски службеник на локалниот пат Куманово – с.Сопот, кај с.Долно Коњаре.

– На 13.03.2022 во 23.30 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово – село Сопот, кај село Долно Коњаре, кумановско, патничко возило удрило во полициски службеник кој вршел службени дејства, не застанувајќи на даден знак за запирање, откако претходно удрило во паркирано патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. од селото Долно Коњаре, информираат од СВР Куманово.

Се работи на расчистување на случајот.