Иако поради актуелната ситуација многу се шпекулираше дали Украина ќе се натпреварува на овогодинешната Евровизија, организаторите на најпрестижното европско музичко натпреварување го потврдија учеството на Украина на фестивалот кој ќе се одржи во мај во Торино, Италија.
Извршниот продуцент Симона Марторели изјави дека украинската делегација го потврдила своето учество и навреме ги испратила сите потребни документи.
„Тоа е за восхит, со оглед на ситуацијата“, рече таа.
Украина оваа година на Евровизија ќе ја претставува оркестарот Калуш со песната Стефанија.
Ќе се обидат да снимат видео кое ќе го испратат до организаторите во случај физички да не успеат да дојдат во Италија.
Организаторите истакнаа дека главната порака на овогодинешниот фестивал ќе биде мирот.
Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари и и беше забрането да учествува на овогодинешното издание на фестивалот.
Според обложувалниците и неофицијалните евроазиски фан-страници, најдобро позиционирана земја на натпреварување и најголеми шанси за победа има Украина.