330
Шпанскиот гигант Барселона се договори со Франк Кеси за трансфер во летото 2022 година, вели новинарот Жерар Ромеро.
Како што е познато, договорот на играчот од средниот ред на Брегот на Слоновата Коска со Милан истекува по завршувањето на сезоната и се чини дека тој нема да ја продолжи кариерата кај „росонерите“.
Годишната плата на Кеси во Барселона се проценува на 6,5 милиони евра.
Доколку трансферот навистина стане факт, 25-годишниот Кеси ќе биде уште еден играч кој ќе им се приклучи на „блауграна“ како слободен играч. Истото се очекува да го стори и данскиот дефанзивец на Челси, Андреас Кристенсен, чиј договор со лондончани истекува на 30 јуни.
Кристенсен медиумите веќе го сметаат за сигурно ново засилување на Барселона.