Власта троши 30.000 евра за перење коли, ажурирање веб сајт, жардињери во министерство за политички систем, обвини на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
-Министерство за политички систем и вицепремиерот Артан Груби 30.000 евра ги троши на непотребни работи, кои може да му ги завршат институциите на системот и на Владата. Новоформираното министерство и новопечениот вицепремиер 350.000 денари потпишале тендер за перење на автомобили. За овие пари секоја недела преку целата година треба да се перат најмалку 30 возила. Ниту министерството има потреба од 30 возила секој ден, ниту пак е потребно секоја недела да се перат сите 30 возила, а знак прашалник е дали тоа министерство има 30 возила на располагање, вели Арсовски.