Бруклин казнет со 50.000 долари поради Кајри Ирвинг

од Vladimir Zorba
441 прегледи

Тимот на Бруклин Нетс е казнет со 50.000 долари поради прекршување на здравствените протоколи. Причината е што бекот Кајри Ирвинг, кој не е вакциниран против коронавирус, бил примен во соблекувалната на тимот во неделата за време на натпреварот со Њујорк Никс, објави „ЕСПН“.

Ирвинг не може да игра на домашните натпревари на Бруклин токму поради недостигот на вакцинација, според сегашните здравствени протоколи во Њујорк. Тој може да влезе во „Баркли центарот“, но не и во канцелариите, а како таква се смета соблекувалната на тимот. Како резултат на скандалот, НБА го казни Бруклин Нетс.

Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурент, ова правило го нарече апсурдно и го критикуваше градоначалникот на градот, Ерик Адамс.

„Последните две години беа тешки и болни за њујорчани. Времињата се збунувачки поради промената на правилата и забраните. Но, моето незадоволство од ситуацијата не се менува, иако секогаш ќе бидам посветен да и помагам на заедницата чиј дел сум и јас“, додаде Дурент.

Слични содржини