Кошаркарски „бум“ во САД, Ирвинг одлучи – не го интересира Дурент

од Nikola Popovski

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг ќе остане во тој клуб и во наредната сезона, пренесува НБА инсајдерот Шемс Чаранија.

Во деновите на разговор за тоа каде оди Кевин Дурент, Ирвинг, кој веќе беше виден надвор од Бруклин, одлучи да остане во тимот.

Дурент дефинитивно заминува и последните информации се дека Бостон Селтикс подготвуваат „богат пакет“ за него.

-Ирвинг останува „со или без Кевин Дурент“, вели Чаранија.

-Кајри Ирвинг има намера да ја мине целата сезона како дел од Бруклин Нетс. Од се што ми беше кажано, тој ќе игра следната сезона во Бруклин, со или без Дурент, на повеќе начини. Мислам дека дошло до разбирање и дека ја донел најдобрата одлука за себе, а Кевин Дурант од друга страна, очигледно ја носи својата одлука. Кајри јасно ја кажа својата идеја и останува во Бруклин“, објаснил Чаранија во емисијата „Пат Мекафи“.

Дурент побара трејд на 30 јуни и оттогаш Нетс не можат да најдат соодветна понуда од други тимови, иако имало и се уште се заинтересирани.

Потсетуваме, Џејмс Харден во текот на сезоната веќе го напушти Бруклин, заминувајќи во Филаделфија, па големата тројка ќе се сведе на „една буква“ во претстојната сезона во која Голден Стејт Вориорс ја бранат титулата.

Слични содржини