Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце

од Vladimir Zorba

Мурал со ликот на  Бобан Трајковски денеска на пладне ќе биде откриен во центарот на Куманово, во рамките на одбележувањето на 23-годишнината од неговата трагична смрт кај тетовското село Вејце.

Муралот е изработен од уметниците Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид, сограѓани на Бобан, а организатори на настанот се Здружението Сила и колегите на Трајковски од специјалната единица Волци.

На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа и беа убиени, а потоа масакрирани и запалени.

Слични содржини