Клоп за борбата со Сити: Имаме уште десет натпревари, некои од нив ќе бидат навистина тешки

од Vladimir Zorba
335 прегледи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри дека Мохамед Салах, кој го пропушти вчерашниот тренинг поради повреда, денеска ќе тренира на исто ниво со своите соиграчи.

Ако со Египќанецот е се во ред по тренинг сесијата, тој најверојатно ќе игра на утрешното дерби со Арсенал.

На Ливерпул му треба победа на „Емирати“ за да заостанува само еден бод зад Манчестер Сити.

„Верувале или не, гледав точно 65 минути од мечот на Сити. Немам време да ги гледам нивните натпревари во реално време. Палас се справи добро, но истото важи и за Сити. Тие едноставно не успеаја да ги реализираат позициите што ги создадоа. Не ги гледав последните 30 минути го видов резултатот и бевме изненадени. Дали ни помага на расположението? Зошто да го правиме тоа? Не можеме да ги изброиме овие бодови со сигурност, затоа што ќе гостуваме во Арсенал. Можеби е лесно вие да го направите тоа, но моментално разликата е уште четири бода. Ако не си на врвот, мора да ги добиваш твоите натпревари, а другите треба да губат бодови. Планот е да го притискаме Сити, да бидеме најдосадниот противник за нив. Мораме да ги добиваме нашите натпревари. Знаете дека сме многу амбициозни и подготвени да направиме големи работи, имаме уште десет натпревари за играње и некои од нив ќе бидат навистина тешки“, изјави Клоп.

Слични содржини