Безживотно тело извлечено од водите на Вардар

од Nikola Popovski
384 прегледи

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар било забележано тело на машко лице.

-На кеј „Димитар Влахов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го извлекле телото од водата и било констатирано дека се работи за З.Ѓ.(74) од Скопје.

Смрт без траги на насилство констатирала екипа од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од полицијата.

Слични содржини