Мицкоски: Жалам што не можам ништо повеќе да направам околу војната во Украина

од Nikola Popovski
361 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во неговото гостување во емисијата „Само вистина„ на Канал 5 телевизија изрази загриженост за состојбата во Украина и потенцираше дека жали што не може да направи ништо повеќе, но истакна дека повеќе е загрижен околу актуелната економска состојба во државата.

-Јас навистина жалам за тоа што таму се случува и навистина го жалам тој народ таму за тоа што го доживува бидејќи на крајот од денот таму имаме луѓе кои што ги губат своите животи, разурнати домови, разурната инфраструктура и тоа се последиците од војната и тоа се неубави работи кои што таму се случуваат и навистина жалам што не можам ништо повеќе да направам освен да изразам еден вид жалење, рече Мицкоски кој додаде:

-Последиците од кризата покрај изгубените човечки животи и разурнатите домови се огромни и по економијата, а економијата е суштински важна за животите на луѓето и таа нормално дека ќе рефлектира и на нашите животи и животите на нашите сограѓани. За жал некако како да не успева владата да излезе од таа самобендисана матрица и да се обиде би рекол повеќе кон народот да се доближи и во решавањето на проблемите на народот а помалку да се сврти кон самата себе и решавањето на сопствениот хир за власт и привилегии но тоа е што е, а ние како опозиција треба да работиме да се сменат работите на подобро.