Во овие сложени состојби во Европа, има рефлексија и на Балканот во Македонија. Очекуваме Бугарија да има разбирање за процесите и да го тргне ветото и да престане да попречува. Мораме да видиме кој е клучниот проблем, кој го негира постоењето нашиот народ и јазик. Ако направите паралела што изјави Путин за Украина, со мали разлики, е истиот однос на Бугарија кон Македонија. Мислам дека главната пречка е позната на сите, но ЕУ не се потруди да направи исчекор кон оваа состојба, вели лидерот на ДС, Павле Трајанов во емисијата „24 анализа“.
Според него, ЕУ и Европа никогаш не решавале круцијални прашања.
-Благодарение на САД сме дел од НАТО и тоа е една од огромните придобивки на бројните отстапки што ги направивме. Се постигна Преспанскиот договор, кој единствено благодарение на стратешниот партнер САД, сме дел од Алијансата.
Апсолутно не сме приоритет на ЕУ. Тоа се покажа. Мислам дека притисокот ќе биде избалансиран. Борел вчера беше искрен и кажа дека сега немаме шанси. Треба да сме упорни и да бараме. Треба процесот да се забрза и да бидеме ставени на брза лента и да станеме полноправен член на ЕУ. Мораме да бидеме упорни, да не останеме со празни раце, категоричен е Трајанов и додава дека не смееме сега да ја амнестираме Бугарија дека не е виновна за блокадата и ветото.
-Нивните барање се граничат со лудост. Не можеме да прифатиме се што бараат, потенцира пратеникот.