Владата донела одлука за намалување на бројот на советници.
Наместо 50, премиерот Димитар Ковачевски отсега ќе има помал број на советници.
„Ќе имам помалку советници од претходните премиери. Тие советници ќе работат во својата професионална област. Тие се со 20 плус години академско и професионално искуство. Планирани се, но не можам да ги објавам бидејќи се уште не се официјализирани“, рече Ковачевски.