ФОТО: Ковачевски им ја носеше опремата на новинарите и снимателите

од Берта Китинска
557 прегледи

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски после настанот на кој се означи крајот на подготвителните подготовки за почетокот на проектот за отстранување на линданот во кругот на фабриката ОХИС, во знак на солидарност зеде дел од опремата на новинарите и медиумските работници и заедно со нив пешачеше до влезот на фабриката каде што тие, според укажувањата на организаторите на настанот, мораа да ги паркираат своите возила.

Премиерот Ковачевски се солидаризираше со новинарските екипи откако тие реагираа дека, за разлика од возилата на членовите на владата, тие морале да ги остават возилата на влезот и да пешачат до местото на настанот носејќи ја снимателската опрема.

„Ако тоа ви предизвикало непријатност сакам да ви се извинам во име на организаторите, ќе проверам дали е тоа заради безбедноста на објектот, бидејќи ние моравме да носиме специјална опрема. Доколку бил направен превид и доколку не се косело со безбедносните стандарди тогаш ќе се потрудам тоа да не се случи во иднина“, им одговори премиерот Ковачевски на новинарите коишто реагираа.