Рикардо сепак ќе вози во Бахреин!

од Vladimir Zorba
483 прегледи

Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо се опорави од коронавирусот и ќе учествува на претстојната трка за Големата награда на Бахреин, прва во овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Мекларен објави дека Рикардо на неколку тестови бил негативен на коронавирусот и дека се вратил во тимот, објави денеска „Скај“.

Австралискиот возач изјави дека од ден на ден се чувствува подобро и дека се опоравува во изолација, според правилата на локалните власти во Бахреин.

Минатата недела ги пропушти последните тестови во Бахреин бидејќи не се чувствуваше добро, по што беше тестиран и беше констатирано дека е заразен со коронавирусот.

Во негово отсуство, само Ландо Норис го тестираше болидот на Мекларен, кој го имаше деветтото најбрзо време во последниот ден. Мекларен имаше проблеми со сопирачките.

Во недела од 16 часот во Бахреин ќе се вози првата трка во Формула 1 шампионатот.

Слични содржини