Амбасада на САД: Убиени десет лица додека чекаа леб во Чернихив (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
220 прегледи

Локалните медиуми во Чернихив објавија дека граѓани кои чекале ред за леб биле убиени при руско гранатирање, повикувајќи се на очевидец кој рекол дека нападот се случил во средата наутро, пренесува Би-би-си. Би-Би-Си истакнува дека не може сама да го потврди овој извештај, но потврдија дека жителите биле убиени на локација во североисточниот дел на градот.

Ендрју Титок, продуцент на локалната медиумска куќа која прва извести за убиствата, изјави за Би-Би-Си дека најверојатно станува збор за напад од „тешка артилерија“.

„Речиси е невозможно да се добие каков било коментар од локалните власти или болниците, така што немаме информации за бројот на повредени“, рече Титок.

„Во блокираните области на Чернихив, стана вообичаена практика на луѓето да им се доделуваат резерви на храна како леб и да чекаат во редици“, додаде тој.

Првите информации беа дека во Чернихов било пукано врз луѓето кои чекале ред за леб и дека биле погодени 10 луѓе.

Амбасадата на САД во Киев исто така претходно соопшти дека руските сили убиле 10 лица кои чекале ред за леб во украинскиот град. Амбасадата не обезбеди никакви докази за нападот во соопштението објавено на официјалните страници на Твитер и Фејсбук.

„Денеска руските сили застрелаа и убија 10 луѓе кои стоеја во ред за леб во Чернихов. Ваквите ужасни напади мора да престанат. Ги разгледуваме сите достапни опции за да обезбедиме одговорност за сите злосторства во Украина“, соопшти амбасадата.