326
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд наводно веќе се договорил со Манчестер Сити околу летниот трансфер!
Оваа информација ја пласира новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк, со напомена дека така мислат во управата на Борусија од Дортмунд.
Пред неколку недели се зборуваше за договор меѓу напаѓачот и „граѓаните“, а се чини дека оваа тема е при крај. Поради тоа Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ и Баерн „испаднаа“ од списокот.
Цената на Халанд е околу 75 милиони евра, што не е проблем за Манчестер Сити. Неодамна Пеп Гвардиола на прес-конференција изјави дека клубот на лето ќе тргне по класичен напаѓач, бидејќи во моментов го нема и се чини дека токму Халанд е вистинскиот за нив.