324
Оние што ја познаваат ЕУ знаат што треба да се очекува. Во однос на преговорите, сите сме фрустрирани од потезите на Унијата. Јасно е дека има голема хипокризија. Веќе плаќаме голема цена и веќе сме платиле голема цена за да стигнеме. Уште не се почнати преговорите, а веќе го сменивме името, вели Малинка Ристевска Јорданова во „Студио 10“.
Таа посочува дека нашата земја не е во рамноправна позиција со Бугарија и таа го користи членството во ЕУ.
-Ова се прашања на национален идентитет. Граѓаните веќе реагираат на таа потчинетост. Колку и да сме мали, ние сме суверена држава. Ако ние се почитуваме, ќе не почитуваат и другите, вели Ристевска Јорданова.