Ристевска-Јорданова: Бугарските клубови со провокативни имиња се смислена стратегија, во иднина треба да се постапува на европски начин

од Берта Китинска

Отворањето на бугарските клубови со провокативни имиња е провокација и смислена стратегија од бугарската страна кои тие ја користат постојано и очигледно им поминува, бидејќи нас постојано не нервира, вели Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европска политика во вестите на Сител.

-Јас би се заложила да се реагира поладно, ако забележите во Извештаите повеќето од работите се на забележување од страна на Брисел и сето тоа е сместено во делот на слобода на здружувањето. И таму ќе се третира и тука е битна нашата подготвеност како држава и капацитет бидејќи веќе има правила кои треба да бидат образложени и многу мудро треба да се постапува во иднина, но тоа треба да се направи на европски начин, вели таа.

Слични содржини