Погба ограбен додека се мачеше против Атлетико

од Vladimir Zorba
369 прегледи

Домот на францускиот фудбалер на Манчестер Јунајтед Пол Погба бил ограбен за време на реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид во вторникот, откри играчот на својот Твитер профил.

„Синоќа го имавме најголемиот кошмар во нашето семејство – нашата куќа беше ограбена додека нашите деца спиеја во нивната соба. Крадците беа во куќата помалку од пет минути, но за тоа време ни одзедоа нешто повредно од она што го имавме дома – чувството на сигурност. Тоа се случи во последните минути од натпреварот, кога знаеја дека нема да си бидеме дома. Со сопругата брзо се вративме дома без да знаеме дали нашите деца се безбедни“, напиша Погба.

„Нема полошо чувство на овој свет од тоа да не можеш да бидеш таму за да ги заштитиш своите деца. Искрено се надевам дека никој никогаш нема да го почувствува она што го почувствував синоќа. Затоа би сакал да му понудам награда на секој што има информации кои ќе ни помогнат во истрагата“, додаде фудбалерот.

Погба е во брак со Боливијката Марија Зулеи три години и имаат две деца.

Слични содржини