Првиот човек на Државен завод за статистика вели дека на пописот секој граѓанин имал право да се попише како што смета.
-На 30. март ќе ги објавиме конечните резултати од Пописот, подготвуваме настан, во салата на Филхармонија. Секој граѓанин имаше право да се попише како што смета. Илузија е да се очекува да има раст на населението кога има пораст на емиграција, објаснува Симовски во Студио 10.
Тој вели дека демографска стратегија пред 16 години била многу погрешна.
-Ни емигрираат млади луѓе кои го носат наталитетот. Треба друг тип на политика. И кога ќе се направат најдобрите мерки не може да се очекува демографски бум. Секој од нас да има можност од квалитетна работа, втор фактор – можност за квалитетно образование, требаат и квалитетно здравство и добра комуникација и петто, човечките потреби да има можност секаде да се задоволат. Проблемот е и со миграцијата на внатрешно ниво, вели Симовски.