Кузеска: Градоначалниците на Мицкоски парите за партиски вработувања да ги насочат кон граѓаните

од Берта Китинска
229 прегледи

Во време на најголема економска и енергетска криза донесовме 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра за заштита на граѓаните и стопанството во време на криза. Ја покачивме минимална плата, пензиите ги покачуваме, ја субвенционираме струјата да не поскапи повеќе, ги одржувме цените стабилни. Активни се и мерките за штедење на сите институции кои ги спроведува и премиерот Димитар Ковачевски. За жал, гледаме дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Кузеска го повикува Христијан Мицкоски, да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните кои ги расфрлаат на партиски вработувања и расипнички набавки од стотици илјади евра, да ги пренаменат за потребите на граѓаните.

-Мицкоски може да почне со Орце Ѓорѓиевски и да му наложи да ги пренамени стоте илјади евра за авторски договори во Кисела Вода.Данела Арсовска да пренамени 670.000 евра наменети за партиски вработувања, Тимчо Муцунски 38.000 евра од набавката за компјутери, а ако веќе не се изедени чоколадите и бонбоните, Александар Стојковски да ги врати оние 6.000 евра во општинскиот буџет.Само од споменатите неколку општини се доаѓа до сума од 800.000 илјади евра, ако се земе во предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во голем дел од општините тоа се сериозни средства. Затоа Мицкоски има обврска да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ во време на криза парите на народот да ги насочат кон помош на граѓаните, изјави Кузеска.

Слични содржини