Млад скопјанец нападнал полицаец и оштетил полициско возило

од Nikola Popovski
372 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 16.03.2022 во 21.40 часот пред угостителски објект на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле В.С.(30) од Скопје затоа што со тврд предмет оштетил полициско возило и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.