Убиен американски државјанин во Украина

од Nikola Popovski
204 прегледи

Американскиот Стејт департмент потврди дека еден американски државјанин е меѓу денешните жртви во руските напади на Чернихив, пишува „Гардијан“.

„Денес освојувачите повторно извршија тежок артилериски напад врз невооружени цивили. Има мртви и ранети. Меѓу загинатите е и еден американски државјанин“, соопшти денеска регионалната полиција во Чернихив, додавајќи дека во денешните напади на овој град во северна Украина загинале над 50 луѓе.

Според извештаите на регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус, руските сили убиле дури 53 цивили во северниот украински град Чернихив во средата.