„Раша тудеј“ повеќе не се реемитува во земјава

од Nikola Popovski
277 прегледи

Од денес и официјално е прекинато реемитувањето на руската „Раша Тудеј“ во Македонија.

„Ве известуваме дека согласно Одлуката на Владата и истата рефлектирана преку Одлука на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено“, стои на тв каналот како известување од Македонски телеком.

Владата неодамна ѝ препорача на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да им укаже на кабелските оператори во Северна Македонија да ги исклучат каналите каде како основач се јавува Руската Федерација или приватни лица, правни или физички лица со потекло од оваа држава.

Препораката доаѓа по одлуката на земјите членки на Европската Унија да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ и се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик.

Фото: Sputnik / Scanpix

Слични содржини