Бектеши: Со забраната за извоз на житарици и зејтин го штитиме домашниот пазар и граѓаните

од Nikola Popovski
216 прегледи

Забраната за извоз на оделни житарици и сончогледово масло продолжува до 15 април. Целта на оваа мерка е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните, информира министерот за економија, Крешник Бектеши.

Министерот додава дека приоритет на Владата е да го заштитат стандардот на граѓаните и да одржи економска стабилност.

На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15 април 2022 година.

Забраната за извоз останува за пченица, пченка, јачмен, сончоглед, брашно и сончогледово масло.

Слични содржини