Мицкоски: Двојазичноста на полициските униформи нема да го подобри стандардот на граѓаните

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Петседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за двојазичноста на амблемите на полициските униформи, истакна дека ова освен што е дефокус, на никој начин нема да го подобри стандардот на граѓаните на Македонија.

– Нема да го намали бројот на автобуси кои ја напушттаат Македонија со млади луѓе од Тетово Дебар, Гостивар, Струмица, Виница, Битола, потенцира Мицкоски.

Тој нагласи дека е вчудоневиден со каква леснотија во владата го навредува и потценува народот мислејќи дека на тој начин ќе направат нешто со кое ќе ги покријат своите неуспеси.

– Но јас не мислам така, мислам дека граѓаните гласно ќе зборуваат на следните предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.