Ковачевски: Со Бугарија имаме одлична соработка, но секогаш има поединци кои сакаат односите да ги направат полоши

од Берта Китинска
191 прегледи

Соработката со Бугарија е унапредена, особено по доаѓањето на двете нови влади и воспоставувањето нов начин на комуникација, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Кога ќе има документ прифатлив за двете страни, ќе биде споделен со институциите и јавноста, посочи премиерот Ковачевски.

Тој напомена дека секогаш постојат поединци кои сакаат тие односи да ги направат полоши, но македонската и бугарската влада се против тоа и сметаат дека треба да се соработува на сите полиња и во секоја сфера.

-Со Бугарија отворивме нов процес на разговори, нов начин на комуникација кој треба да ја зголеми довербата не само меѓу министрите, туку и меѓу општествата во целина. Се формираа работни групи кои веќе покажуваат резултати, се одржаа и научни конференции меѓу универзитетите, стопанските комори се среќаваат, а се згоемија и транспортните квоти. Секогаш постојат поединци кои сакаат тие односи да ги направат полоши, но ние и бугарската влада сме против тоа. Треба да соработуваме на сите полиња, кажа премиерот.