295
Денеска во Струмица се отвори првиот зелен лавиринт, најголем во државата. Лавиринтот е долг 190 метри на површина од 625 метри квадратни.
Според градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, идејата е на децата, поддржана од него, а реализирана од ЈПКД „Комуналец“.
-Испраќаме силна порака: за чиста Струмица ни треба висока еколошка свест и многу работа. Од срце за поубава и почиста Струмица, потенцира Костадинов.