Го напушти Ајакс поради секс-скандал, сега има нова функција

од Nikola Popovski
429 прегледи

Поранешниот холандски фудбалер Марк Овермарс е назначен за спортски директор на Антверпен, Белгија, само неколку недели откако ненадејно го напушти Ајакс по обвинувањата за сексуално вознемирување.

Овермарс минатиот месец ја напушти функцијата спортски директор во Ајакс и им се извини на колегите за испраќањето недолични пораки.

Тој рече дека сака да сврти ново поглавје во Антверпен.

„Тоа што се случи во Ајакс не влијаеше на моите преговори со Антверпен. Тоа што се случи во Ајакс нема да се повтори“, изјави Овермарс.

Овермарс потпиша четиригодишен договор со белгискиот тим.

Слични содржини