Санкции за 148 возачи од Скопје, 41 од нив непрописно паркирале

од Nikola Popovski
485 прегледи

На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти Министерството за внатрешни работи за засилените акциски контроли во текот на вчерашниот ден.

Исто така изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за непочитување на првенство на минување, пет мерки за некористење сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 41 за непрописно паркирање…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од МВР.