Рускиот пливач, повеќекратниот олимписки шампион Евгениј Рилов, го загуби спонзорскиот договор што го имаше со компанијата „Спидо“ бидејќи минатата недела беше на митинг за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин на стадионот „Лужники“ во Москва, пренесува порталот „insidethegames“.
Во истиот текст, овој портал го споменува и списокот на руски спортисти кои присуствувале на митингот, на кој се наоѓа и споменатиот освојувач на два златни медали од претходните Олимписки игри во Токио.
Рилов на митингот на гардеробата ја напиша и буквата „З“, што ја симболизира руската инвазија на Украина. Поради ваквата постапка, Светската пливачка федерација (ФИНА) во соопштението истакна дека е „длабоко разочарана“ од појавувањето на Рилов на митингот и дека ќе спроведе истрага.
Главниот спонзор на пливачот, компанијата „Спидо“ набрзо го објави договорот со познатиот пливач.
– Рилов е полициски наредник во градот Лобња, на триесетина километри од Москва, па веројатно немал друг избор освен да се појави на митинг за поддршка на Путин и неговата акција во Украина – наведува порталот „insidethegames“.
Рилов е носител на рускиот орден, кој лично му го врачи Владимир Путин како награда и чест за двата златни медали освоени на Олимписките игри во Токио.
Како и другите руски натпреварувачи, Рилов настапи во Токио како натпреварувач на „Руската олимписка федерација“ поради суспензијата на сите руски спортови поради санкции поради систематски допинг.