Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во допис до „Локално“ информираа дека од вечерва на полноќ се очекуваат нови цени на горивата.
-Предусловите се исполнети и ќе има нова одлука денес која ќе биде на сила од 00:01 часот 23.03.2022, истакна Марина Узунов, портпаролка на РКЕ.
При последната одлука бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поевтинија за половина денар, додека Еуродизелот поскапе за еден денар.
Од 22.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 52,354 (денари/килограм)