455
Во периодот од 01.03.2022 до 22.03.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. Контролирани се 48 возила при што санкционирани се 21 возач за претовар на возилото, од кои едно од возилата било нерегистрирано, а еден возач управувал и без возачка дозвола.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.