Гацов: Мерките треба да се носат на краток рок зошто нанесуваат штета на некои од економските субјекти

од Берта Китинска
236 прегледи

Павле Гацов, економски аналитичар смета дека мерките треба да се носат на кратко зошто нанесуваат штета на некои од економските субјекти.

– Не се работи за профитна маржа, туку за тргновска. Таа маржа се пресметува од набавната до продажната цена. Во правилниците што беа донесени од министерството за економија се оди од продажните цени наназад. Се бараше просечна трговска маржа во изминатите три месеци и на тоа се додаваше можност да се зголемува. Кај ДДВ, беше даден рок за разлика од маржите кои стапија во сила. Се даде рок од 7-8 дена во кој требаше да направат усогласување со провајдерите за фискалните каси. Оној балкански синдром дека се се сака преку ноќ да се примени. Овие мерки се ограничени и се гледа дека некои беа пролонгирани и се ограничени зошто се непазарни. Треба да се носат на кратко зошто нанесуваат штета на некои од економските субјекти, рече Гацов во емисијата 24 Отворено.

Слични содржини