Бектеши: Залихи на граѓаните не им се потребни

од Берта Китинска
140 прегледи

Во гостување на дебата на Телевизија 24, министерот за економија Крешник Бектеши уште еднаш истакна дека нема простор, ниту потреба од паника кај граѓаните зашто храна и нафтени деривати има.

Контролите во маркетите ќе продолжат, најави министерот за економија Крешник Бектеши, додавајќи дека секој граѓанин на телефонскиот број 191 во секое време може да пријави недоследности и непочитувања на владините мерки.

Според него, земјава најдобро се справи со енергетската криза.

-Залихи на граѓаните не им се потребни. Имаме доволно прехранбени производи и нафтени деривати и тоа го кажуваме речиси секојдневно. Контролите на УЈП и Инспекторатот ќе продолжат. Доставивме барање до надлежните институции да постапуваат согласно законите за потрошувачите да бидат заштитени, напомена министерот.

Слични содржини