Ковачевски: Дополнителни 1.000 денари за секој пензионер за март, април и мај

од Берта Китинска
198 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук соопшти дека мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март. Со оваа исплата, како што наведува Ковачевски, почнува реализацијата на финансиската поддршка за сите пензионери во време на криза.

„По дополнителни 1.000 денари на својата сметка ќе добива секој пензионер за март, април и мај. Оваа парична поддршка, заедно со рекордното покачување на пезниите и новата методологија се влог во поквалитетен живот на највозрасните граѓани“, пишува премиерот Ковачевски.