Иако е мирна ситуацијата луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, велат од КЗБ

од Берта Китинска
255 прегледи

На денешната средба на Комисијата за заразни болести била разгледана актуелната епидемиолошка состојба и се дискутирало, како што информираат од таму, во насока на интензивирање на кампањата за вакцинација против Ковид-19, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините.

„Иако е мирна ситуацијата луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход“, велат од КЗБ.

Комисијата за заразни болести, во согласност со епидемиолошкиот ризик, како и ситуацијата со европските земји ќе продолжи внимателно да ја следи актуелната состојба и доколку постои можност ќе предлага постепено релаксирање на мерките.

Слични содржини