Ризик и од морбили? Петличковски: Имаме шанса да го изгаснеме и овој пожар

од Nikola Popovski

Состојбата не е добра и стабилна поради неодговорното однесување на многу граѓани во годините наназад. Податокот од 50% вакцинирани деца во градинките е поразителен за државата и тука мораме многу да работиме, рече претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски за ситуацијата со големата кашлица и вакцинирањето со ДиТеПер.

Петличковски информираше денес КЗБ ги дообјаснила дадените препораки.

-Се однесува на деца кои примиле три дози во последните шест месеци и сега им следува ревакцина, која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година – сега ја кратиме на шест месеци. На овие деца кои ја завршиле вакциналната серија во последните шест месеци, треба да им биде дозволен влез во градинка, со напомена дека оваа ревакцина треба да ја примат, најрано шест месеци по примањето на третата доза, додаде Петличковски.

-Ќе апелираме до градинките проверката на картоните да биде поинтензивно и да биде вклучена и проверката на вакцината против морбили. Имаме шанса да го изгаснеме овој пожар, пред да почне, а тука сме на прагот на почнување на друг пожар, посочи докторот.

Според КЗБ, секое едно дете кое доаѓа да ја прими ревакцината на ДТП на 18 месеци, може да ја прими и вакцината против морбили. Не постои никаков проблем да се примат и двете вакцини во истиот ден.

Слични содржини