Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17% во однос на одлуката од 22.03.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,238 ден/кг и сега ќе изнесува 53,592 ден/кг.
Од 24.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,00 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 53,592 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,031%, кај дизелот за 4,672%, кај екстра лесното масло за 4,823% и кај мазутот за 1,989%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,142%.
-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштија од РКЕ.