Димитриевски: Од политика многу фајде не видовме, треба менаџерски да се управува за решавање на проблемите

од Берта Китинска
218 прегледи

Партијата требаше одамна да ја препознае нашата работа. Имам контакти и со луѓе од партијата и со опозицијата оти јас излегов како независен кандидат. Постојат само добри и лоши луѓе, друго поделби не смее да има, вели Димитриевски за Утрински брифинг.

Тој вели дека долговите се расчистени поради работењето на општинскиот тим и поради тоа што граѓаните навремено си ги подмируваат обврските. Според него, сите институции кои се пренесени на општини од државно ниво, како што се старските домови, градинките и образованието, треба да бидат поддржани од државата.

-Јас сум спремен сите овие пренесени обврски да ги вратам назад на Владата. Очекувам мојот сограѓанин, премиерот Ковачевски, да ме повика да разговараме. Општините не бараат помош, бараат само да се почитува законот, вели Димитриевски.

Сите политички субјекти што се во Советот на општината беа поканети да влезат во мнозинството, но СДСМ веднаш одби, но како што одминува времето се појави свесност и повеќе одлуки поминуваат со консензус, вели Димитриевски.

Димитриевски вели дека не ја исклучува можноста за формирање нова партија, но побитно е да се создаде тим кој ќе ги предводи промените во општеството.

-Од политика многу фајде не видовме, треба менаџерски да се управува за решавање на проблемите на граѓаните, вели Димитриевски.