242
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска вечерва информира дека владата сериозно ќе се посвети на активности во креирање на антикорупциски политики во спортот.
-Благодарение на соработката со UNODC (Канцеларија на ОН за дрога и криминал) и други наши меѓународни партнери од кои имаме поддршка верувам ќе ја кренеме свеста во државата за ова прашање и ќе најдеме начин како тоа системски да се санкционира. Сите сме свесни дека корупција во спортот постои и најчесто за жал млади и талентирани спортисти заради вакви игри не можат да излезат на површина и не можат да имаат природен развој на талентот и успех во кариерата, рече Грковска во гостувањето на Дневникот на МТВ1.