Утринава се стресе тлото во Македонија

од Nikola Popovski
574 прегледи

Утринава бил почувствуван земјотрес 120 километри југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Валандово. Според Европската макросеизмичка скала, земјотресот бил со интензитет од 3 степени според Рихтер.

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот се случи во 06 часот и 44 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Валандово и околината.