Наумовски: „Брилијант“ има зејтин за испорака во наредните 3 месеци

од Nikola Popovski
556 прегледи

Србија ќе ја тргне забраната за извоз на растително масло. Ние сме најголемиот производител на масло, околу 60 посто на пазарот. Еден период намерно не пуштавме затоа што не ни беше јасна одлуката во врска со начинот на формирање на цената. Не сакавме да имаме проблеми со цената. Сега веќе е нормализирано и се испорачува како што треба, вели претседателот на Одборот на директори на „Витаминка“, под која спаѓа и фабриката за масло за јадење „Брилијант“-Штип, Симон Наумовски.

Според него, тие со Србија имаат одамна потпишано договори.

-Со прекинување на забраната, ќе имаме доволно масло за испорака на македонскиот пазар во наредните 3 месеци. Што се однесува до цената на маслото на светските пазари, е околу 2350 евра по тон за сирово масло, но постојано се менува. После тие три месеци ќе размислуваме и имаме време. Се случуваат нови моменти, се нуди масло и од други земји, рече Наумовски.

Слични содржини