МВР соопшти дека вкупно 23 мигранти од Пакистан се пронајдени синоќа во напуштени објекти на поранешна свињарска фарма во кумановското село Речица.
-На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово и на стариот пат од Куманово кон с.Сопот, во с.Долно Којнаре, кумановско, полициските службеници забележале како мигрантите излегуваат од три возила, кои претходно не застанале на даден знак за запирање. Мигрантите биле предадени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од полицијата.