ВМРО-ДПМНЕ обвини дека „додека народот не знае како да си ги плати сметките за струја, а Бислимоски откако му даде лиценца на синот на Заев, се гоштева во скап ресторан во Дубровник“. Според најголемата опозициска партија, СДСМ ја покачи цената на струјата за 30%.
-Граѓаните што плаќале 3.000 денари, сега плаќаат 4.000 денари. Заради неспособноста на владата народот едвај се снаоѓа да плати сметки, а профитираат само трговците со струја, бидејќи државата е увозно зависна повеќе од кофа било до сега, порачуваат од партијата.
Од „Белиот дворец“ додаваат дека и додека народот се чуди како да плати сметки, Бислимоски му даде лиценца на синот на Заев за фирмата за трговија со струја, а иста таква фирма отвора и Кочо Анѓушев.