Ѕвезда на ПСЖ прими 30 бегалци од Украина, домашното кино го претвори во дом

од Nikola Popovski
489 прегледи

Многу спортисти покажаа солидарност за време на војната во Украина, а најдобар пример за тоа е голманот на ПСЖ, Кејлор Навас.

Костариканецот, ѕвездата на својата репрезентација и француски ПСЖ, ги отвори вратите од својот дом во Париз за група од 30 луѓе од Украина да имаат привремено место за живеење.

Тој им обезбедил храна, сместување и сите основни услови.

Покрај тоа, сопругата на Навас, Андреа Салас, била задолжена за подготовка на храна за Украинците, кои го „окупирале“ просторот на домашното кино на семејството Навас.

„Тој купил 30 кревети кои ги поставил во просторијата каде што е неговата кино сала. Сопругата им приготвува храна, им дава облека и во таа просторија се вршат евангелистички обреди, бидејќи и голманот на ПСЖ е евангелист“, пишува шпанскиот весник „Спорт“.

Навас моментално е во репрезентацијата на Костарика и се квалификува за Светското првенство во Катар во 2022 година.

Слични содржини