Плевнелиев: Петков ја стимулира македонската пропаганда

од Nikola Popovski
343 прегледи

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев смета дека актуелниот бугарски премиер Кирил Петков направил неколку грешки во неговите први 100 дена од стапување на функцијата.

-Не можете да одите во Скопје и да бидете целосно неподготвени и уште повеќе да го сметате за успех нешто што беше очигледен дипломатски неуспех. Тоа беше истурање вода во воденицата на скопската пропаганда, наместо да се решаваат реални проблеми во соседството на ЕУ и односите меѓу Бугарија и РС Македонија, вели Плевнелиев во разговор за бугарските медиуми.

Понатаму во разговорот, Плевнелиев вели дека „Петков не може да оди во седиштето на НАТО и да се слика со Џо Бајден две минути и да тврди дека имале состанок“.

-Не покажуваме храброст и ги оставаме премиерот Петков и претседателот Радев со неговите докажани русофилски и популистички ставови, ставени во меѓународна изолација, да доминираат со бугарската надворешна политика, посочува поранешниот бугарски претседател.

Слични содржини