Маричиќ: Две години С. Македонија е стабилна, безбедна и посветена НАТО членка

од Nikola Popovski
170 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ потенцира дека членството во НАТО претставува „еден ист пат“ со интеграцијата во Европската Унија, пат кој постојано обезбедува реформи, човекови права, индивидуални слободи, владеење на правото.

-Две години Северна Македонија е стабилна, безбедна и посветена НАТО членка. Во овие тешки времиња на воена агресија на тлото на Европа, уште повеќе го цениме тоа што сме дел од Северноатлантската алијанса и сме свесни за разликата помеѓу припадноста и неприпадноста кон НАТО и за придобивките од сојузничкото справување со глобалните предизвици, напиша Маричиќ по повод две години полноправно членство на земјава во НАТО.

Според вицепремиерот станувајќи членка на Алијансата, ја покажавме подготвеноста да учествуваме во заедничкиот одбранбен систем, потврдувајќи го својот активен придонес за мирот и стабилноста и заедно со нашите сојузници продолжуваме да го исполнуваме идеалот за слободна Европа, Европа која живее во мир.

Слични содржини