Го прегазил внукот возејќи наназад во двор

од Nikola Popovski
417 прегледи

МВР информира дека малолетник бил удрен со возило од неговиот чичко во дворот од куќата во Скопје.

-На 26.03.2022 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза” со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во дворно место од семејниот дом на ул.„Методија Андонов Ченто” малолетникот бил удрен со патничко возило „форд фокус” од неговиот чичко В.Ф.(26), додека се враќал наназад, соопштија од полицијата.

Увид бил извршен од екипа од СВР Скопје.