Македонската фудбалска репрезентација по долг лет вчера пристигна во еден од најзападните градови во Европа, Порто, каде што во вторник ќе се сретнат со гигантите Португалија во најважниот меч во историјата на македонскиот фудбал.
Во нашиот табор владее одлично расположение, има одлична атсмофера и тоа може да се забележи по видеото кое го сподели Фудбалската федерација на Македонија.
Утре репрезентацијата ќе има тренинг пред мечот во вторник.